Истите хистеричари кои сега хистеризираат против францускиот предлог во 2017 година организираа протести, кои кулминираа со терористички напад врз уставниот поредок на нашата земја, пишува во својата колумна сестрата на Теута Арифи и професорка на Правниот факултет во Тетово, Беса Арифи.

-Во државата се шири хистерија во врска со францускиот предлог. Преовладува наративот дека кога бугарската заедница ќе се внесе во Уставот, голем дел од населението ќе биде регистрирано како бугарско, а државата ќе се подели меѓу Албанија и Бугарија. Како верува во таков наратив и зошто хистеризира поради тоа еден народ, кој има своја држава, свој јазик, свој идентитет, земја-членка на НАТО?“, пишува Беса Арифи, професорка на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Меѓу стравот, хистеријата и разумот“, која ја објави порталот на албански јазик „Порталб“

Арифи прави паралели на актуелните протести со 2017 година:

– Во 2017 година истите хистеричари организираа протести, кои кулминираа со терористички напад врз уставниот поредок под изговор дека државата ќе се подели според Тиранската платформа. Сега повторно наратив дека државата ќе се подели, овојпат меѓу Бугарија и Албанија. Секогаш се случува поларизација кога се потпишуваат важни договори: притоа, едни се виновници и дежурни предавници, а други се продаваат како патриоти. Меѓутоа, кога се потпишувале таквите договори земјата само напредувала, никогаш не назадувала. Кога се постигна Охридскиот договор, политичкиот говор беше многу сличен на сегашниот. И тогаш од една страна имаше патриоти, а од друга предавници, кои им ‘дадоа многу’ на Албанците, пишува сестрата на бившата министерка и бивша градоначалничка на Тетово, Тетута Арифи.

Таа натаму во колумната додава:

-Неверојатно е со колкава леснотија се шират стравот и неизвесноста во оваа држава секогаш кога треба да се донесат важни одлуки. Овој страв и неизвесност се присутни секогаш, за секој важен договор што се потпишува во државата. Секогаш невидена хистерија, која ги тресе дури и оние кои веруваат во напредок и европски вредности. Овој наратив има за цел да му се спротивстави на зачленувањето во Европската унија, тоа не е приоритет на една добро дефинирана структура во државата. Повторно ќе успееме и ќе дојде денот кога сите оние, кои сега хистеризираат за бугаризацијата на државата, ќе бидат демаскирани како луѓе, кои имале само една цел: да го спречат членството на С. Македонија во ЕУ и да ја насочат во други витли, вели Беса Арифи.