Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е!

Така синоќа од собраниската говорница во Собранието на Македонија го претстави министерот Спасовски неговата сопартијка, пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска. Таа малку се „подизгуби во преводот“ при обраќањето кон опоцијата. Остана необјаснето дали Георгиевска направи лапсус или тоа е нејзино мислење.

Во тензична собраниска расправа мина и вчерашната расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија. Седницата продолжува и денеска, има уште тројца пратеници кои се пријавен за расправа.