СДСМ и неспособната влада на СДСМ во вторник ќе ги задолжи граѓаните на Република Македонија за нови 12,7 милиони евра, соопшти денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

– Само во август неспособната Влада на СДСМ ги задолжи граѓаните и Република Македонија за над 43 милиони евра, а веќе за почетокот на септември успева да ги задолжи за нови 12.7 милиони евра. За само 30-тина дена СДСМ ја задолжи Република Македонија за над 56 милиони евра или во просек секој ден по 2 милиони евра. Ова е застрашувачки, ова е премногу и ова ја води Република Македонија кон пропаст и банкрот. СДСМ се на власт 14 месеци, а за тие 14 месеци  ја задолжија Република Македонија во бруто износ над 1.5 милијарди евра. Тоа во просек е до 100-тина милиони евра задолжување месечно, истакна Арсовски.

Тој додаде дека само на почетокот на 2018 година издадоа еврообврзница преку која се задолжија половина милијарда евра за која по основ на камати само треба да платат околу 96 милиони евра.

– СДСМ за само половина година ја проби психолошката граница на презадолженост. Реализацијата на капиталните расходи е катастрофална и во првите 7 месеци изнесува само 21 проценти. Ова е историски најлош резултат на една Влада и едно министерство за финансии. Ова само уште еднаш докажува дека СДСМ не се способни да ја водат Република Македонија. Во првиот квартал БДП беше 0.1 отсто. Уште еден катастрофален резултат. СДСМ и Зоран Заев не реализираа ниту едно единствено ветување од предизборието во однос на капиталните проекти кој што ги ветуваа во нивната таканаречена програма, рече портпаролот Арсовски.

Единствено што реализираа, додаде тој, е скандали и афери преку кои ги испумпуваат парите на граѓаните во своите џебови и во џебовите на нивните блиски.

– Да го поставеа досега бројчаникот на триумфалната капија, најверојатно или ќе прегореше или ќе требаше да додадат уште 3 или 4 нули на крајот за да можат да ја соберат целата сума со која ја задолжија Република Македонија. СДСМ е катастрофа која што метастазира на сите нивоа низнашата држава и која што мора да се спречи веднаш, рече тој.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ