Трет ден молк за аферата „Картел Заеви“, трет ден молк од картелот Заеви, дали директно е вмешан Трајче Заев, но и Бобан Заев кои што се први братучеди на Зоран Заев, во случајот со запленета дрога од пред 3 дена, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целата прес-конференција:

Запленета е дрога – марихуана, во вредност од над 800.000 евра, која ја превезувале возачот на Трајче Заев, Ушилковски, оној кој како што знаете на сред рекорд шерифски паркираше со Трајче Заев најнов Мајбах, додека шефот му одеше во шопинг, како и командирот на ПС Прилеп Кире Чипсио Спиркоски кој е важен кадар на СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев.

Запленетата дрога била превезувана во бело комбе со грчки таблици, на име на фирма која што јавно прашавме дали има партнерски односи со фирма на Заеви? Ова го изнесовме како информација пред неколку дена, што вчера за ова комбе со грчки таблици потврди вчера и Јавното обвинителство во свое соопштение.

Дрогата доаѓала директно од фирмата “Медикал 420” од Битола, фирма чија лиценца ја потпиша и одобри лично Зоран Заев како премиер, каде што при увидот според наши информации фалеле над 10.000 стебла со марихуана, односно тоа се повеќе од 200 килограми марихуана. Секое стебло мора да има свој евидентен број, а овде фалеле над 10.000 стебла замислете колкава е таа бројка.

Затоа, уште еднаш јавно прашуваме, дали комбето со кое е превезувана марихуаната од нарко дилерите Ушилковски и Чипсио е во сопственост на фирма партнер на Трајче и Бобан Заеви?

Зошто едноставно не одговорат со ДА или НЕ од нарко картелот Заеви за ова прашање?

Зошто Трајче и Бобан Заеви не ги затворат дилемите и веднаш не излезат да одговорат на прашање?

Јас ќе ви кажам зошто. Затоа што имаат путер на главата и затоа молчат. Ако не се веќе отидени на принуден одмор на некоја луксузна дестинација и овие двајца братучеди на Заев како што пишуваат медиумите.

Па така еве и тоа да прашаме, дали можеби Трајче Заев не е заминат во Дубаи и е надвор од државата?

Дополнително сакам да ја потсетам јавноста, дека Трајче и Бобан Заеви се сопственици на фирма основана во 2019 година во Петрич со име “Медикал 420 БГ”. Дали е ова случајност со овие две фирми или има и поврзаност? Тоа треба да одговорат од власта и од нарко картелот Заеви и тоа што побрзо.

И за крај да потенцирам, кога Зоран Заев велеше дека марихуаната лечела, изгледа мислел на лечење на неговата алчност и нагони за криминал преку правење нелегално пари со дрога.

Овој нарко картел Заеви, како и секој друг нарко картел во светот, треба веднаш да се разбие и да заврши во затвор. Конечно државата треба да се одземе од рацете на мафијата и да се врати во рацете на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ