„Би сакал малку да говорам околу Шарената револуција. Таа воопшто не беше така наивна. Голем дел од тие шарени револуционери беа во директен дослух со СДСМ и потоа си се сместија во Владата“, истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашната емисија „Отворено“ со Искра Коровешовска, во која гостин беше и учесникот во Шарената револуција, Зоран Јовановски.

„Таков беше случајот со Александар Донев, оној познат директор на Агенцијата за туризам кој што на државен трошок леташе со бизнис класа итн, директорката на УЈП која што врши репресии кон сите неистомисленици со инспекции, Лукаревска, која тогаш се декларираше како шарен револуционер. Потоа, Влатко Васиљ кој што е вработен во Владата, Замир Мехмети од кого, откако се смести во Телеком, во Бордот на директори, мислам, ќе ми извини ако грешам, веќе не чувме никаков глас во смисла на критичка мисла кон оваа Влада, таков е Никола Наумовски кој што воедно е роднина на Радмила Шеќеринска, шеф на кабинет кај Шилегов, такви се пратениците Павле Богоевски и Ивана Туфекџиќ…“, додаде Арсовски потенцирајќи:

„Така што, сметам дека е во ред што многумина од шарената револуција се свесни дека се изманипулирани, меѓутоа, морам да потенцирам дека луѓе кои што најчесни намери, со учество во револуцијата на некој начин придонесоа за ова што ни се лсучува во моментов. А во моментов ни се случува непотизам, ни се случува висок праг на криминал и корупција, државата секој ден тоне на листата на корупција и веќе сме на ниво на африканските држави, ни се случува криминал по улиците, ни исчезнуваат луѓе, ни умираат деца по болниците… Така што сите овие луѓе кои сметаат дека погрешиле, ете, сега имаат шанса на овие избори да ја поправат грешката!“

Целата емисија погледајте ја на следниот линк:

ОТВОРЕНО НА АЛФА СО ИСКРА КОРОВЕШОВСКА – гости: ДИМЧЕ АРСОВСКИ – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ – аналитичар

Gepostet von Alfa Televizija am Montag, 4. März 2019