-Зоран Заев вчера ја потврди автентичноста на разговорите кои граѓаните имаа можност да ги чујат деновиве каде што го пцуе сопствениот народ, но и јавно потврдува дека бомбите ги имале повеќе луѓе со сомнителен бекграунд. Се потврди дека нелегално стекнатите аудио записи кои ги имаше Зоран Заев за илјадници граѓани и пристап до нив имале воедно и Зоран Заев и ги давал на кого стигне. Јасно е како бел ден дека разговорите во моментов може да ги поседува било кој и да уценува било кого, само затоа што Зоран Заев тие истите разговори ги давал и пристап до нив и луѓе кои што претходно биле обвинети за криминал како на пример Захир Беќири Чауш, партиски близок човек на Зоран Заев инаку обвинет за фалсификување патни исправи. Каде што заедно со него селектирале што да се објавува во медиумите. Зоран Заев е човекот кој што десетици илјади приватни разговори од граѓани ги дал во рацете на разни луѓе кои денес може да тргуваат, уценуваат и изнудуваат пари од граѓани и бизнисмени кои што ги има на снимките. Впрочем тоа го правеше Зоран Заев најпрвин преку СЈО, а сега гледаме дека и многу други луѓе ги поседуваат и имаат пристап до бомбите на Зоран Заев. Тоа и самиот Заев го потврди на онаа бомба која што беше објавена во медиумите од пред неколку денови, изјави денеска на прес конференција Димче Арсовски.

Тој додава дека сега веќе е јасно дека не се предадени сите разговори во институциите, ниту пак дека ги поседувал само еден човек. Овие аудио бомби веќе се предмет на тргување на таканаречениот црн пазар и може било кој да тргува и да ги купи.

-Не може да се очекува и ништо поинакво од човек кој си го пцуе сопствениот народ. Но, Зоран Заев треба да биде свесен дека сопствениот народ се срами од него и неговите постапки. Вистинското лице и лицемерието на СДСМ и Заев за жал граѓаните го видоа и тоа преку пцовки, потврдувајќи дека Заев дека се што говореше во јавноста е невистина, манипулирајќи ги граѓаните. Наводната борба на Заев за подобар живот била само борба за власт и криминал, вели Арсовски.