Секојдневно сме сведоци на пропишани казни кои им се пишуваат на граѓаните за непочитување на мерките. МВР едноставно не бомбардидира со соопштенија за тоа колку луѓе се казнети. Но што е со претставниците на власта? За нив прописите не важат.

Имено на социјалната мрежа Инстаграм, се појави „Инстаграм стори“ односно фотографија на која е фотографиран и Артан Груби на маса во друштво на 7 луѓе. Може повеќе од 4? Не, ама Груби може. А Спаосвски и Филипче можат само да гледаат. Оти како тргнало, можат и шамари да јадат. Правна држава? Ај друг ден!