Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани, кој е и историчар, за ТВ 21 изјави дека поставувањето на ознаките на спомениците во Скопје, можеби ќе ги подобри односите со соседите, но ќе ги наруши односите во земјата затоа што се изобличуваат историските факти.

– Античка Македонија била во тракиско-илириски состав. Ова го сведочат многу историчари. Убеден сум дека многу брзо политиката на актуелната Влада ќе биде демантирана, вели Асани за  ТВ21.

Асани додава дека со поставување на овие ознаки се сквернави историјата.

– Апелирам до Владата овие ознаки да се отстранат. Ова е историска измислица. Бегајќи од еден проблем се отвора друг проблем во државата, порачува Асани.