Новиот претседател на Казахстан, Касим Жомарт Токаев предложи главниот град на државата – Астана да се преименува во Нурсултан во чест на првиот претседател Нурсултан Назарбаев.

– Сметам дека е неопходно да се овековечи името на нашиот голем современик – првиот претседател Нурсултан Назарбаев. Нашиот главен града треба да го носи името на нашиот претседател и да се вика Нурсултан, изјави Тоаев.

Тој предложи да се подигне и споменик во чест на првиот претседател на државата.

– Сметам дека е неопходно и централните улици на сите регионални градови да се преименуваат во Нурсултан Абишевич Назарбаев, додаде новиот претседател на Казахстан.

Во вторникот Назарбаев по 20 години на власт поднесе оставка. Токаев ги презеде функциите бидејќи беше претседател на Сенатот на Парламентот.