Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека одлуката за одлагање на брегзит најверојатно нема да биде донесена оваа недела на самитот на ЕУ и дека водачите на блокот би можеле да се состанат следната недела.

Британската премиерка Тереза Меј се очекува денеска да побара од ЕУ одлагање на брегзит, а Јункер вели дека досега не добил писмо од неа.

„Мојот впечаток е дека оваа недела Европскиот совет (в четврток) нема да донесе одлука, но веројатно ќе мораме повторно да се состанеме следната недела”, изјави Јункер за Дојчалндфунк.

Тој дека нема да има нови преговори или дополнителни гаранции.