Во манир на субверзивни дејствувања во Северна Кореја, победниците на унгарските избори СДС и Венко Филипче се во сериозна офанзива против слободата на говор во Македонија, пишува во својата анализа Курир.
Најновиот атак е врз ТВ Алфа, која со години им боде очи затоа штое е критички настроена кон нивната деценсика продажба на идентитетските одредници, историја, знаме, име и повеќедецениски арамилак и апашлук врз народната каса.
Наместо да се извини за луцидниот инцидент со ТВ Алфа и новинарот Матеја Петровски, злорадиот Филипче удри на офанзива против телевизијата во која додека беа на власт (2017-2024г.) нивните УЈП и Финансиска полиција буквално кажано имаа посебна соба за престој и креветчиња, каде со месеци ја пеглаа, истражуваа, черечеа и скенираа состојбата во медиумот.
Неговото ултра-непримерно дејствување пред два дена го осудија сите институции, ААВМУ, ЗНМ, МАН, ССНМ и редица општествени дејци и интелектуалци. Тоа беше преседан во македонската понова историја, лидер на партија јавно да посака затворање на телевизија, да се заканува на новинар и притоа јавно да шири клевети и мизерни инсинуации за медиум.
За голема жал, прво на Заев, а после на Филипче, обемната информбировска проверка на нивните пулениод УЈП и Финансиска во текот на СЕДУМ ГОДИНИ додека беа на власт резултираше со бедна „статива“, не најдоа ништо спорно во Алфа. И покрај сите напори и „чешлања“ на докумантацијата и патото на парите, ова остана само пуста желба на Заевци.
Арно ама, сега во паника од најавата на премиерот Мицкоски дека има чувство за одговорност на поранешни премиери, министри и функционери, СДС и Венко си се пронајдоа во кажаното и прават нов дефокус преку директен и флагрантен атак врз слободата на говорот и посакуваат јавно затворање на медиумот?! За нивна информација, ТВ Алфа има над 100 редовно вработени работници. Тоа се над 100 семејства, кои СДС сака да останаат без егзистенција поради инфантилниот хир на Венко Филипче и стопанот му Заев?
Посакуваниот катиљ-ферман за Тв Алфа и над 100 вработени го соопшти ген-секот на СДС, кому никој не му го знае ниту името. венко немаше храброст да го стори истото, па се скри зад својот подреден, кој со мака мораше да прос’ска:
„Постојат основани индиции дека:
Во периодот од 2017 година наваму, преку меѓународна мрежа на трансакции биле префрлени околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ.“ истресе од ракав дечкото кому никој не му го знае ми името, читајќи го напишаното од Шмрчко по налог на Венко и Зоран.
Прво, ова се измислени, НЕОСНОВАНИ ИНДИЦИИ на Венко и неговиот тим составен од Шмрчко, Жерновски, Богданка и Фани Сорос.
„Лажги со опашки“ за кои СДС каде и да е, ќе добие тужба за клевета од ТВ Алфа.
Непреболот е што веќе 9-та година Тв Алфа е бастион на македонизмот и непокорот, единствена телевизија која не отстапи ниту милиметар и стамено остана на браникот на татковината, особено БИТНО во темните времиња на Референдумот и политичкиот прогон, матни моменти кога сите други телевизии во Македонија им потклекнаа на Заевци и притисоците по најразлични основи. Телевизија која некогаш со месеци беше без плата, но чии вработени не отстапија, не избегаа и не сменија став ниту бои, кои секогаш беа само жолто-црвени.
А се’ што требаше да стори Венко е да се извини за ступидниот, малограѓански и хејтерски изблик на емоции кон Алфа и колегата Петровски.
За нивна жал, ова ќе остане само уште една црна епизода од антимакедонскиот „лов на вештерки на Заевци“, кои одамна го допреа ПОДРУМОТ НА ДНОТО.
Извор: Курир




