Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи.

– Ја информираме јавноста дека нема никаков недостиг, туку, напротив, МВР има обезбедено резерви што се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок – информираат од МВР.

Од Министерството апелираат до јавноста да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните.