Скелет од еден од најпознатите тираносауруси оди на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон на почетокот на октомври. Се проценува дека би чинел на 6-8 милиони долари.
Тираносаурусот-рекс, кој го доби името „Стен“ живеел пред околу 67 милиони години. Беше откриен 1987 година во американската сојузна држава Јужна Дакота, од палеонтологот аматер Стен Сакрисон. – Тој потоа им го покажа на научниците, кои пак, потоа погрешно го идентификуваа како трицератопс, рече Џејмс Хислоп, раководител на одделот за историја на природни науки при аукциската куќа.
Трицератопите се релативно чести во палеонтолошкиот свет, така што коските не привлекоа многу внимание сè додека Сакрисон не ги однел во Институтот Блек хилс во Јужна Дакота во 1992 година. Научниците таму многу бргу утврдиле дека се работи за Ти-рекс.
– За 188 од околу 300 коски се претполага дека му припаѓале на тираносаурус, рече Хислоп.
„Стен“ е долг 3,6 метри. Во блиска иднина се планира и изложба во Њујорк.