Вистинска драма се случувала денеска на македонското небо, дознава ТВ21.

Патнички авион од Охрид полетал со еден час задоцнување со 180 патници, а крајна дестинација била Фридрихсхафен, Јужна Германија.

Но, набргу пред Ниш, Србија авионот започнал да ја намалува висината и брзината на движење и свртел назад кон Македонија.

„Авионот правеше чудни маневри. Ова не ми е прв пат да се возам со авион. Не добивме никакво објаснување што точно се случи. Други ми кажаа дека станува збор за технички проблем“, вели една патничка.

Станува збор за авион „Airbus A320-232“. Во воздух се задржал над два часа.