Патнички авион во кој имало повеќе од 80 лица се урнал и запалил во Авганистан, во подрачје што е под контрола на талибанците.
Авионот на националната авиокомпанија „Ariana Afghan Airlines“ се урнал во планинскиот дел Дех Јак, во источната провинција Газна, додела летал на внатрешната линија од Кабул за Херат, пренесоа британските меидуми.
Агенциите наведуваат дека се уште нема информации за бројот на жртвите или евентуално преживени.
Локалните медиуми јавуваат дека во авионот имало вкупно 83 патници и членови на екипажот.