Два авиона на американската морнарица паднаа в море во близина на јапонскиот брег, објавија повеќе светски медиуми.
Во официјалното соопштение на воените служби се наведува дека се срушиле авион од типот КЦ-130 и борбен авион Ф/А-18.
– Инцидентот се случил кога авионите полетале од базата Ивакуни во Јапонија, за да извршат претходно закажани вежби, се наведува во соопштението.
Медиумите пренесуваат дека борбениот авион, во кој имало двајца пилоти, требало да добие гориво од авионот со екипаж од пет членови.
Операцијата за спасување е во тек, како и истрагата, а според изјавите од американските сили, со помош се вклучила и Јапонија.
Засега нема повеќе детали за несреќата.