Додека официјален Вашингтон се подготвува на 2 април да ги објави новите царини за своите трговски партнери, австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека очекува дека ќе ма директен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за царините.
Постои загриженост дека Австралија може да биде погодена од претстојната ескалација на глобалната трговска војна од страна на администрацијата на Трамп, која најави дека ќе објави возвратни трговски мерки на таканаречениот „ден на ослободувањето“, пренесуваат агенциите.
Трамп подготвува најава за царините за 2 април, ден кој го нарече „ден на ослободувањето“ кога ќе ги претстави таканаречените реципрочни царини кои ги смета за одмазда за царините и другите трговски давачки наметнати од други земји, вклучувајќи ги и долгогодишните сојузници на САД.
Фото: ЕПА