Едно лице го загубило животот, додека неколкумина се повредени откако автобус со албански регистарски таблички се превртел на автопат во Хрватска.

– Несреќата се случила на автопатот А-1, во правец на север, кај клучката Бриње, синоќа во 23 часот и 43 минути, кога автобусот со албански регистерски таблички удрил во ограда и се превртел на левата страна, јавија албанските медиуми повикувајќи се на хрватската полиција.

Во моментот на несреќата во автобусот имало девет патници и возачот. Автобусот го управувал 58-годишен албански државјанин.

На повредените им била пружена лекарска помош во болниците во Карловац и Огулин.