Левата коловозна лента на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска од 10:00 до 13:00 часот ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ.

Затворањето на коловозната лента е поради изведување градежни активности.

На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.