Авион на азербејџанското воено воздухопловство Миг-29 синоќа се урнал во Каспиското Море, а пилотот се води како исчезнат, соопшти денеска азербејџанската армија.

Во тек е потрага по пилотот, а Министерството за одбрана формирало комисија која ќе ја истражи несреќата.

Армијата соопшти дека авинот, кој бил на тренажен лет, синоќа одеднаш исчезнал од радарите.