Политичките аналитичари оценија дека косовскиот претседател Хашим Тачи намерно одлага распишување нови избори и оти не направил никакви чекори за да се консултира со политичките партии по оставката на Рамуш Харадинај, јави Танјуг.

Аналитичарите велат дека се уште не е сигурно дали новата влада ќе биде именувана без избор, што е опција за која велат дека е предвидена со Уставот, или ќе бидат објавени нови избори, што е поверојатно, со оглед на тоа што се мали шансите коалициските партнери да се согласат околу името на новиот премиер, пишува „Зери“.

Приштинска „Коха“ наведува дека Тачи не планира да донесе каква било одлука за избори додека не се одржат интерните избори во неговата Демократска партија на Косово, кои се закажани за 3 август.

– Тој го чека генералното собрание на ДПК, рекол неименуван извор.