Германскиот шампион Баерн Минхен пријави рекордни приходи за изминатата сезона 2018-19. Баварците забележаа добивка од 750,4 милиони евра, при што приходите по оданочување се зголемија од 63 на 78 отсто. Ова му носи дополнителни 52,5 милиони евра на клубот.
– Приходите од натпревари и ТВ правата се зголемија и достигнавме рекордни бројки во приходите од спонзорство. Овие одлични резултати се уште поневеројатни бидејќи Баерн, иако го освои германскиот куп, беше елиминиран во многу рана фаза во Лигата на шампионите, рече потпретседателот на Баерн, Јан-Кристијан Дресен.
Баерн сè уште е зад шпанскиот гигант Барселона (скоро 1 милијарда) и Реал Мадрид (757 милиони).