Американскиот претседател Џо Бајден ќе остане во изолација сè додека не биде негативен на Ковид-19, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан – Пјер.

Таа додаде дека неговиот лекар, Кевин О’Конор, ќе одлучи дали ќе бидат потребни два негативни теста за да се прекине изолацијата.

Бајден вчера повторно беше позитивен на Ковид-19, но, тој се чувствува „многу добро“, тврди О’Конор, според соопштението што претходно го објави Белата куќа.