Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио предупреди дека САД „воено ќе го бранат Тајван доколку Пекинг го нападне овој автономен остров, предупредувајќи дека Кина флертува со опасноста.
– Тоа е обврска што ја презедовме, рече Бајден на прашање на новинарите дали САД ќе интервенираат воено против обидите на Кина да ја заземе територијата насилно.
– Се согласивме со политиката на една Кина, но идејата дека Тајван може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна, кажа Бајден.
Тој додаде дека таквиот чекор ќе го наруши целиот регион и ќе биде уште една акција слична на она што се случи во Украина.
Според него, по руската инвазија на Украина, се зголемува потребата да се заштити овој остров.
Согласно политиката „На една Кина“, САД го признаваат Пекинг како влада на Тајван и немаат дипломатски односи со Тајпеј. Меѓутоа, тие одржуваат неформални контакти, вклучувајќи ја и де факто амбасадата во главниот град Тајпеј, а обезбедуваат и воена опрема за одбраната на Тајван.