Утрово, претседателот Бајден беше позитивен на тестот за Ковид-19, потврди портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер .

„Тој е целосно вакциниран и двапати добил бустер и има многу благи симптоми. Тој почна да зема Паксловид. Во согласност со упатствата на ЦДЦ, тој ќе се изолира во Белата куќа и ќе продолжи целосно да ги извршува сите свои должности во тој период. Тој утрово е во телефонски контакт со членовите на персоналот на Белата куќа, а ќе учествува на неговите планирани состаноци во Белата куќа преку телефон и Зум од резиденцијата.

Во согласност со протоколот на Белата куќа за позитивни случаи на Ковид, кој оди над и подалеку од упатствата на ЦДЦ, тој ќе продолжи да работи во изолација додека не добие негативен тест. Откако ќе добие негативен тест, ќе се врати на работа лично.