Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина.
На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно.
Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од 8.500 американски војници кои се ставени на подготвеност, но вети дека американските војници нема да бидат распоредени во самата Украина.
САД генерално се воздржуваат од воведување санкции за странски лидери, а поранешниот претседател Доналд Трамп воведе санкции за венецуелскиот претседател Николас Мадуро во 2017 година и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи во 2019 година.