Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска објави дека САД ќе достават дополнителна безбедносна помош за Украина во вредност од 2,5 милијарди долари.

„Според моите инструкции, САД ќе продолжат да работат неуморно за зајакнување на позицијата на Украина во оваа војна, се додека јас сум на позицијата претседател“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.

Најавената помош вклучува 1,25 милијарди долари воена помош од американските залихи, како и пакет во вредност од 1,22 милијарди долари од Иницијативата за безбедносна помош на Украина.

Фото: МИА архива