Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на Македонија како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Шолц во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција.
Од Скопје германскиот канцелар заминува за Софија на средби со бугарскиот државен врв. Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.
Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово.