Софиското градско обвинителство му предложи на главниот обвинител на Република Бугарија да поднесе образложено барање до Народното собрание за дозвола за поведување кривично гонење против Бојко Борисов, поранешен премиер и пратеник во 49. Народно собрание, јавува Вести.бг.

– Предлогот е подготвен во врска со предистражна постапка, позната во медиумите како „Барселонагејт“, во која се собираат докази согласно чл. 219 од Кривичниот законик за сторено кривично дело од чл. 253 од Кривичниот законик на народниот пратеник (перење пари), извести државното обвинителство на Бугарија

Од прибраните докази во текот на предистражната постапка може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на стореното кривично дело за купување и закуп на недвижен имот во странство, додаваат оттаму.