Кинески борбен авион изведе „непотребно агресивен“ маневар во близина на американски воен авион над Јужното Кинеско Море во меѓународниот воздушен простор, соопшти воената команда на САД.

Во соопштението, воената команда на САД одговорна за Индо-Пацификот рече дека кинескиот авион Ј-16 го извел маневарот минатата недела и го принудил американскиот авион RC-135 да прелета низ предизвиканата турбуленција.

Вакви пресретнувања се случуваат повремено. Во декември, кинески воен авион дојде на 10 стапки (3 метри) од авион на американското воено воздухопловство и го принуди да преземе маневри за избегнување за да не се случи судир во меѓународниот воздушен простор.