Фудбалерите на Барселона остварија убедлив триумф во 184 Ел Класико од 0:4 против Реал Мадридм а Чави му одржа час по фудбал на еден од најдобрите тренери на денешницата, Карло Анчелоти и тоа среде Мадрид.

„Кралевите“ се заканија само на почетокот од натпреварот кога шутот на Валверде го одбрани Тер Штеген по што следеше рапсодија на каталонците.

На полувремето беше 2:0 за Барселона, а на стартот од второто полувреме, во 47. минута Феран Торес го совлада Куртоа и го најави дебаклот на Реал Мадрид.

Конечниот резултат беше поставен шест минути подоцна кога главниот судија Мунуера не го послуша својот помошник и не ја прекина играта поради офсајд. По прегледување на спорниот момент во ВАР собата, голот е признат по што Барселона поведе со 0:4.

И покрај поразот, Реал Мадрид останува лидер на табелата со 66 бода, додека Барселона е трета во 54 бода и има натпревар помалку.