Раководството на Барселона ја разгледува можноста Роналд Куман да продолжи да биде тренер на тимот и следната сезона, пренесува „Sport.es“. Каталонците ќе се согласат на вакво нешто во случај, холандскиот фудбалски стручњак да се согласи на намалување на платата.

Во исто време, договорот на Роналд Куман ќе вклучува бонуси за остварени големи резултати во натпреварувањата каде ќе учествува Барселона.

Претходно беше објавено дека клубот верува дека стилот на игра на Куман не е погоден за долгорочна основа.

На крајот на сезоната 2020/21, Барселона освои 79 бода и се најде на 3. место во Ла Лига, зад шампионот Атлетико Мадрид и второпласираниот Реал Мадрид.

Куман ја презема тренерската функција во Барселона во август 2020 година.