Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го коментираше медиумскиот бојкот на Наоми Осака и нејзиното повлекување од Ролан Гарос, откако организаторот ја казни парично и се закани со дисквалификација.

– Тие ги штитат своите интереси. Веќе сме навикнати на казни и санкции. Навикнати сме и на интервјуа по натпреварот, во кои често одговараме на истите прашања. Но, ова е дел од спортот, медиумите се многу важни за тенисот. Наоми е млада, порасна со социјалните мрежи и можноста да ги искажува своите мисли преку нејзините канали. Ја разбирам добро и ја поддржувам. Според мене, таа делуваше многу храбро. Жал ми е што сега минува низ болен период, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер и посака на Осака брзо да се врати на терените и да го надмине тешкиот период за неа.

– Се надевам дека ќе се врати уште посилна, истакна Ѓоковиќ.

Осака се повлече од Грен слемот во Париз по првото коло.