Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, смета дека капитенот на Каталонците Лионел Меси заслужува повеќе од „Златна топка“.

Според него, Аргентинец е од друга димензија.

– Јас дури и не би му дал „Златна топка“. Тој ја има надминато оваа награда. Меси е во неговата сопствена категорија. Има големи играчи, но тој е од друга димензија, изјави Бартомеу.

Меси во својата богата трофејна кариера меѓу многуте награди има освоено и пет „Златни топки“, награда која се доделува на најдобриот фудбалер на годината.