Ракометарите на Вардар ја добија Барселона за противник во полуфиналето на завршниот Ф4 турнир што ќе се игра во Келн, Германија.

Каталонците беа ривал на македонскиот првак и пред две години кога вардарци го освоија трофејот.

Во другото полуфинале ќе играат Веспрем на Дејан Манасков и Киелце.

Оваа сезона Вардар одигра два натпревара со Барселона во групната фаза и двапати беше поразен.

Завршниот турнир од елитното ракометно натпреварување ќе се игра на 1 и 2 јуни.