Високата комесарка на ОН за човекови права и поранешна претседателка на Чиле, Мишел Башле,  повика денеска на независна истрага за наводната претерана употреба на сила од страна на венецуелските безбедносни сили.

Таа се повика на извештаи кои наведуваат дека 20 луѓе се убиени и повеќе од 350 притворени за време на протестите во Венецуела оваа недела.

– Загрижена сум дека ситуацијата во Венецуела може брзо да изгуби контрола со катастрофални последици, нагласува таа во соопштение. Во него Башле повикува политичките лидери да разговараат и да ја смират ситуацијата откако опозицискиот шеф на Парламентот, Хуан Гуаидо се прогласи за времен вршител на должноста претседател на државата.