Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека аbektesi

-Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, на пример, ќе разговараме за тие дополнителни 10 проценти да им дадеме поддршка. Ако одреден сектор, наместо за 10 отсто, ги намали цените на 15 – 20 проценти, тогаш ќе разговараме за да им се излезе во пресрет. Нашата цел е грѓаните да плаќаат пониски цени, потенцира Бектеши.

Тој информира дека за тоа разговарал вчера со премиерот Димитар Ковачевски.

-Вчера со премиерот разговаравме да им излеземе во пресрет дополнително на одредени сектори во индустријата. Имаме толку голем простор преку ЕСМ зашто е зголемено производството, што за тие компании кои ќе ги намалат цените државата ќе излезе во пресрет со поддршка, а за тие што нема тоа да го направат, ќе се укинат сите поддршки, подвлече министерот