Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека Македонија ги имаме потребните количества масло за задоволување на внатрешните потреби во вечерашното гостување на ТВ 21, говорејќи за извозот на масло за јадење кое го извезуваме во Албанија, а увезуваме од други земји.

– Во јавноста е креирано мислење дека ние 100 проценти увезуваме од Србија, што не е точно. Нерафирано масло и сончоглед, С. Македонија главно увезува од Република Бугарија и моментално се увезува од Украина, затоа што трговците, сигурно во соработка со државните институции, отвориле различни коридори за да се увезува маслото, рече Бектеши.

Тој исто така одговараше на прашање како е одлучено да се извезува маслото за јадење во Албанија, односно истакна дека кризата треба да ја менаџираме заеднички како регион.

– Со цел да бидеме посолидарни и да ја зголемиме трговската размена меѓу нашите држави мислевме дека е соодветно да извезуваме рафинирано масло за јадење. Што се однесува до нерафинираното масло и сончогледот, моментно имаме доволни количества за производство. Намалувањето на цената на маслото за готвење зависи од светската берза и увозните цени. Но, ако се отворат сите коридори на увезување од Украина, која е најголемиот производител на сончоглед не само во Европа, туку и пошироко, тогаш верувам дека ќе имаа стабилизирање на цените, рече Бектеши.