Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.
Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил, велат од министерството на чие чело е Крешник Бектеши.
-Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија. Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија. Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија, велат од министерството.
По блокадите на граѓаните од Слупчане кои повторно не дозволуваа екипите од ЕВН да влезат во селото и создадоа нови дефекти во мрежата, министерот Бектеши вели дека секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати.
– Повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економиј“, вели министерот.
Ги повика надлежните институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.