По секојдневните пријави и закани за животот за кучето Бела од жител на населбата Ново Лисиче, таа е заловена од тимот на ЈП „Лајка“.

„Во моментот Бела е згрижена и се адаптира на новата средина. Важно е дека е на безбедно и ги помина сите потребни прегледи. Многубројни граѓани, кои се грижеле за Бела повеќе од 8 години, посочуваат дека таа не е опасна за животот на луѓето ниту, пак, има агресивна природа, туку е исклучително питома. За кратко време, со својот племенит карактер, Бела ги освои срцата на вработените во прифатилиштето, кои направија неколку фотографии од неа и кои ќе се потрудат да ѝ најдат соодветен дом“, соопштија од „Лајка“.