Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои на места ќе бидат и пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 8  до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со утринска слаба магла, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во наредниот период претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.