Американското Министерство за правда одлучи да ја третира Антифа како домашна терористичка група, соопшти синоќа Белата куќа.
Портпаролот на Белата куќа, Кејли МекКени, на брифинг изјави дека има доволно докази дека Антифа е одговорна за насилството за време на протестите во градовите низ САД што избувнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во минатонеделната брутална полициска операција.
Мекени додаде дека дополнителни федерални сили ќе бидат распоредени низ САД како одговор на протестите, пренесе „Гласот на Америка“.
Таа истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со министрите за одбрана и правда, Марк Еспер и Вилијам Бар, со кои разговарал за ангажманот на дополнителни безбедносни сили.
Трамп на Твитер вчера се закани дека САД ќе ја прогласи Антифа за терористичка организација.
Антифа, како што објаснува „Гласот на Америка“, е акроним за антифашистичкото политичко движење чии политички верувања се втемелени во идејата на левицата, а понекогаш и на екстремната левица.
Нивните политички активности вклучуваат поддршка на населението за кое тие сметаат дека е обесправено и се спротивставуват на збогатувањето на корпорациите.
Некои организации кои припаѓаат на овој корпус на идеи користат милитантна тактика за ширење на нивните верувања.