Американскиот претседател Џо Бајден начелно се согласи на средба со рускиот пеф на државата, Владимир Путин се додека Москва не ја нападне Украина, соопшти Белата куќа откако за таква намера првпат беше објавено од Франција.

– САД се посветени на дипломатијата до моментот на инвазија. Претседателот Бајден во принцип прифати средба со претседателот Путин… доколку не се случи инвазија. Ние сме, исто така, подготвени да наметнеме брзи и тешки последици доколку Русија наместо тоа избере војна. И во моментов, Русија се чини дека продолжува со подготовките за целосен напад врз Украина наскоро, нагласи прес-секретарот Џен Псаки во изјавата.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин начелно прифатија одржување на самит, што може да се случи само доколку Москва не ја нападне Украина, објави претходно француското претседателство.

Самитот, предложен од франускиот претседател Емануел Макрон, ќе биде проширен на релевантните засегнати страни за да разговараат за безбедноста и стратешката стабилност во Европа, се вели во соопштението, во кое се додава дека подготовките меѓу Русија и САД ќе започнат в четврток. Макрон и Путин имаа два телефонски разговора во текот на изминатиот ден.

Американска сателитска компанија соопшти дека сателитските снимки покажуваат нови распоредувања на руски војници и воена опрема во близина на украинската граница, јавија американскките медиуми.

Фотографиите покажуваат повеќе нови теренски распоредувања на оклопна опрема и војници кои заминуваат од постојните воени локации во шумите и полињата на приближно 9 до 19 милји од руската граница со Украина, објави американската компанија за сателитски снимки Maxar во е-порака до медиумите во САД.

Според сателитската компанија со седиште во Колорадо, анализата на фотографиите од вчера, плус другите направени на 13 февруари, укажуваат на движење на војници и опрема во близина на три локаии во југозападна Русија – Белгород, Солти и Вакуки кои се на околу 15-30 км од украинската граница.