Портпаролката на Белата куќа , Џен Псаки, изјави дека кога американскиот претседател Џо Бајден во својот говор пред два дена кажал за наводен ситен упад на Русија во Украина, тој не ѝ даде зелено светло на Москва да го стори тоа.
Запрашана од Си-Ен-Ен дали изјавата на Бајден на прес-конференцијата од средата значат дека САД и даваат зелено светло на Русија да направи ситен упад во Украина, Псаки кажа апсолутно тоа не беше нашата намера и не е пораката што претседателот му ја испрати на претседателот Путин, пренесе Тасс.
Според Псаки, украинското раководство ги знае позициите на американскиот претседател.
-Доколку Русите влезат во Украина, доколку воено влезат во Украина, ќе има тешки последици, рече Псаки.
Бајден во средата рече дека руски мал упад во Украина може да предизвика повоздржана реакција од САД и нивните сојузници, отколку што би била реакцијата на целосна инвазија.
По оваа изјава, Белата куќа излезе со посебно соопштение во кое се наведува дека САД ќе го сметаат за инвазија секое преминување на украинската граница од страна на руските војници.