Шефот на Белата куќа, Џо Бајден синоќа имаше телефонски разговор со емирот на Катар, шејкот Тамим бин Хамад Ал Тани, при што се дискутирало за последните настани во Газа и заедничките напори за посредништво во достигање на долготрајно примирје во блокираната палестинска енклава.

-Двајцата лидери дискутираа за итните напори да се осигура ослободување на сите преостанати заложници држени од Хамас, вклучувајќи американски државјани, коментираа од Белата куќа, додавајќи дека во текот на телефонскиот разговор, станало збор и за раширување на пристапод до меѓународна помош во секторот Газа.

Катар и Египет настапија како посредници меѓу Хамас и Израел кога се случи примирјето на крајот на ноември. Тогаш беа ослободени 110 жени, деца и странски државјани држани од Хамас, во замена на 240 палестински жени и малолатници ослободени од израелските затвори.

Војната може да потрае уште неколку месеци, изјави вчера раководител на израелското воено министерство. Истовремено, од ОН изразија тревога поради ескалацијата на израелските напади при што за два дена во делови од појасот Газа загинаа повеќе од 100 Палестинци.