Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска ќе отпатува за Мексико за да се обиде да најде решенија за новиот прилив на мигранти на границата, предмет на жестока политичка дебата во САД.

Реткото патување во време на поразници доаѓа додека републиканските избрани функционери во Конгресот бараат договор за имиграција со администрацијата на претседателот Џо Бајден во замена за нивната поддршка за новиот пакет помош за Украина.

Во последните недели, околу 10.000 луѓе дневно се обидуваат илегално да ја преминат јужната граница на САД, што е речиси двојно повеќе од бројот пред пандемијата на Ковид-19. Караван од илјадници мигранти во неделата го напушти јужниот дел на Мексико за да се обиде да стигне до САД. Преплавени од приливот, американските власти мораа да ги затворат граничните премини за да се справат со мигрантите кои се обидуваат илегално да преминат.

Блинкен денеска во Мексико Сити треба да се сретне со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Државниот секретар ќе биде придружуван од министерот за домашна безбедност, особено одговорен за граничната полиција, Алехандро Мајоркас и советникот за домашна безбедност, Лиз Шервуд-Рандал. Претседателот Лопез Обрадор, кој телефонски разговараше со Џо Бајден во четвртокот, 21 декември, вети дека ќе ги зајакне мерките за ограничување на мигрантите на југот на земјата, на границата со Гватемала.

фото: ЕПА