Средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин ќе биде можна само по значително намалување на ескалацијата на состојбите во Украина, изјави за новинарите директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бединфилд.

– Претседателот Бајден вчера рече дека би сакал повторно да се сретне со претседателот Путин или да разговара со него. Не би можела да зборувам за тоа кои се предусловите за тоа, освен дека бевме мошне јасни. Претседателот Бајден беше многу јасен, дека мора да има видлива деескалација од страна на Русија и јасна и вистинска посветеност за дипломатско решение, истакна Бединфилд.