Премиерката на Белгија, Софи Вилмес посети неколку болници за да пружи поддршка на здраствените работници, но наиде на незадоволство.

Дел од медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречека Вилмес со шпалир, но завртени со грб, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството, кое е со намален буџет. Здраствените работници се незадоволени од платите, а се соочуват и со недостиг на персонал.

Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, додавајќи оти е потребно да се врати вредноста на професијата.

– Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита, напиша Вилмес на Твитер.

Инаку, Белгија доживеа вистински колапс во борбата со корона. Има 781 починат на еден милион жители и е прва во светот на неславната ранга листа. Следна е Шпанија со 591.