Одбрана на владеењето на правото, демократијата и единството, зајакнување на европската конкурентност, поттикнување на зелената и праведна транзиција, зацврстување на социјалната и здравствената агенда на ЕУ, заштита на граѓаните и границите на Унијата и промоција на глобална Европа, се шесте приоритет на Белгија за време на претседавањето со Европската Унија во првите шест месеци од 2024 година.

Процесот на проширување на Унијата не е наведен како посебен приоритет на белгиското претседателство, но во делот поврзан со владеењето на правото, демократијата и единството се посочува дека Белгија ќе ги поддржи земјите кандидати за членство во нивните напори да се приклучат кон ЕУ. Нагласувајќи дека проширувањето мора „да не направи сите посилни“, белгиското претседателството потенцира дека од аспект на приемот на идните земји членки, од клучно значење ќе биде Унијата да ги подготви своите политики, ресурси и структури за начинот на носење одлуки.

Според белгиското Министерство за надворешни работи, надворешна трговија и развојна соработка, Белгија за време на претседавањето со Советот на ЕУ ќе се насочи кон спроведување на европската агенда и промоција на соработката меѓу земјите членки, со цел да се постигне исчекор во неколку области, како што се климатските промени, економскиот раст и социјалната кохезија.

Белгија најавува дека ќе дејствува како неутрален посредник за да ја насочува законодавната активност во рамки на Унијата и да бара компромиси меѓу земјите членки на ЕУ.

За време на белгиското претседателство предвидено е одржување неколку самити и конференции на високо ниво во насока на „носењето важни одлуки за иднината на Европската Унија“, почнувајќи со вонредното заседание на Европскиот совет посветен на усвојувањето на планот за финансиска поддршка на Украина, што беше блокиран од страна на Унгарија на декемврискиот Самит на ЕУ.

Како што изјави белгискиот премиер Александар Де Кро при промоцијата на приоритетите на претседавањето со ЕУ, Белгија ќе се насочи кон унапредувањето на соработката во рамките на Унијата, како клуч за справување со големиот број предизвици.

Нашето претседавање доаѓа во важен момент, кога треба да одговориме на очекувањата на нашите земји. Тоа значи заштита на нашиот народ, нашата економија и нашата иднина, изјави Де Кро на заедн

– Нашето претседавање доаѓа во важен момент, кога треба да одговориме на очекувањата на нашите земји. Тоа значи заштита на нашите граѓани, нашата економија и нашата иднина, изјави Де Кро, додавајќи дека во услови кога ЕУ се наоѓа на крстопат „единството ќе биде од клучно значење за остварување на заеднички успех“.

Тој посочи дека во соочувањето со „нестабилното“ и „непријателско“ геополитичко опкружување, Белгија ќе даде приоритет на одржување на стабилноста на европскиот континент и во тој контекст и на продолжување на поддршка за Украина.

Според Де Кро, во текот на своето претседавање, Белгија ќе се посвети на заокружување на актуелните мандати на институциите на ЕУ и на обезбедување на непречена транзиција кон следното претседателство и новите институции на Унијата, што треба да се формираат по изборите за членови на Европскиот парламент во јуни 2024 година. Белгискиот премиер нагласи и дека неговата земја ќе се посвети на подготовките на приоритетите на следната Европска комисија и новиот состав на Европскиот парламент.

Покрај работата во институционалниот дел, белгиското претседателство, според Де Кро, ќе се посвети и на „целиот пакет на азил и миграција“, за што, како што нагласи, клучно ќе биде земјите членки да работат заеднички во справувањето со овој проблем.

Тој меѓу приоритетите ги наведе и серијата законски акти поврзани со имплементацијата на Европскиот зелен договор, како оној за климата, како и усвојувањето на регулативи за зајакнување на социјалната сигурност и за заштита на индустријата.

Владините експерти на земјите-членки на Европска Унија се согласија дека блокирањето на прекуграничното движење во ЕУ на луѓето со симптоми на новиот коронавирус би било контрапродуктивно и о

– Треба да испорачаме. И треба да завршиме значителен дел од законодавната работа и навистина се радуваме на тоа, додаде Де Кро.

Шесте приоритети на белгиското претседавање со ЕУ: 

1. Одбрана на владеењето на правото, демократијата и единството 

Како суштински елемент на своето претседавање со ЕУ, Белгија ја најавува одбраната на принципите на демократијата, владеењето на правото и основните човекови права, бидејќи Унијата „се заснова на почитување на основните права, владеење на правото и демократските вредности, отворајќи го патот за кохезија, заштита на индивидуалните слободи, еднаквоста и недискриминација и благосостојбата на европските граѓани“.

Претседателството најавува зајакнување на инклузивноста на граѓаните, пред се на младите, како и посветеност на европската образовна област, квалитетот на образованието, доживотното учење, мобилноста и спортот.

– Ќе ги промовираме демократските вредности преку зајакнување на слободата на медиумите и плурализмот, стимулирање на дигиталната трансформација на културниот и креативниот сектор и истражување на врските помеѓу културата, наследството и европскиот идентитет, посочува белгиското претседателство со ЕУ.

Од тој аспект, Белгија ќе се посвети на соработката на различните нивоа на власта со цел да може ефикасно да одговори на различните потреби и предизвици, притоа почитувајќи ги принципите на супсидијарност (начело дека централната власт треба да ги извршува само оние задачи кои не можат да се вршат на локално ниво) и пропорционалност.

Се оценува дека испреплетувањето на деловните и политичките интереси продолжило да ја попречува независноста на медиумите и квалитетот на новинарството

– Проширувањето на нашата Унија мора да не направи сите посилни. Затоа, претседателството е посветено да ги поддржи земјите кандидати во нивните напори да се приклучат на нашата Унија. Во исто време, од клучно значење ќе биде да се подготват политиките, ресурсите и структурите за одлучување на Унијата во поглед на идните зачленувања, посочува белгиското претседателство со ЕУ.

2. Зајакнување на нашата конкурентност 

Во светлината на развојот на геополитичката реалност и брзиот развој на новите технологии, како што е вештачката интелигенција, ЕУ мора да даде приоритет на својата долгорочна конкурентност и индустриски политики, наведува белгиското претседателство во однос на својот втор приоритет.

– ЕУ мора да обезбеди еднакви услови за бизнисите, особено за малите и средните претпријатија, овозможувајќи им да се натпреваруваат правично, како во Европа, така и на глобалната сцена. Клучно за тоа е постоење на кохерентна, предвидлива и поедноставена регулаторна рамка. ЕУ мора да го предводи патот кон создавање на одржлив, иновативен и отпорен дигитален екосистем, кој ќе биде во прилог на граѓаните и од полза на бизнисите, посочува Белгија.

Белгиското претседателство најавува дека ќе работи на зајакнување на внатрешниот пазар и индустриската иднина на ЕУ и ќе ја продолжи работата за комплетирање на европскиот пазар на капитал и на Енергетската унија, при што посебно внимание ќе се посвети на зајакнување на економската безбедност, намалување на зависноста и промовирање на европското технолошко лидерство во критичните сектори.

– Претседателството има за цел да ја подобри улогата на истражувањето, развојот и иновациите со цел ЕУ да стане лидер во развојот и комерцијализацијата на соодветни решенија кои ја зајакнуваат приспособливоста и конкурентноста на клучните синџири на вредности, посочува белгиското претседателство.

Педесетгодишниот С.Х. од село Шипковица, тетовско, вчера се повредил при вршење градежни работи на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес. Тој, како што информираат денеска од СВР Велес, бил пренесе

Белгија најавува и дека ќе работи на изградба на пазар на трудот посветен на иднината, кој ќе го зголеми нивото на вработеност и ќе го стимулира економскиот растот, како и на истакнување на значењето на јавните и на приватните инвестиции.

– Исто така, ќе се нагласи значењето на кохезивната политика како суштински долгорочен инвестициски инструмент, како катализатор за трансформација, конвергенција и зајакнување на Европската Унија и ќе посвети посебно внимание на нашата автономија во производството на храна, наведува белгиското претседателство, посочувајќи дека ќе се фокусира и на кохерентноста помеѓу внатрешната и надворешната политика на ЕУ.

3. Поттикнување на зелената и праведната транзиција 

Според белгиското претседателство со Унијата, амбициозната транзициска агенда на ЕУ е поттикната од итната потреба за справување со тројната криза на климатски промени, на загрозувањето на биолошката разновидност и на загадувањето.

– Белгиското претседателство ја нагласува важноста од решителна и сеопфатна акција, во која никој нема да биде оставен на страна. Продолжувајќи со Зелениот договор, претседателството ќе ја стави енергетската и климатската транзиција во сржта на своите приоритети. За да се намали чувствителноста на климатските промени, претседателството ќе се стреми да ја подобри циркуларната економија и капацитетите за прилагодување и подготвеност на Унијата. Исто така, ќе промовира и одржливо управување со водите, се наведува во приоритетите на белгиското претседавање со Советот на ЕУ.

Во документот се посочува дека геополитичките и екстремните климатски настани ја истакнуваат потребата од забрзана и инклузивна енергетска транзиција, која треба да обезбеди енергија што ќе биде прифатлива и за граѓаните и компаниите, потоа на стабилно и безбедно енергетско снабдувањето, како и на остварување на целта за климатска неутралност.

Во францускиот Парламент формирана е уште една пратеничка група од актуелни и поранешни членови на владејачката партија Република во движење (ЛРЕМ), со што партијата на претседателот Емануел

– ЕУ мора целосно да го искористи својот потенцијал за енергетска ефикасност во целата економија и брзо да го унапреди развојот на обновливите извори на енергија и на изворите со ниска емисија на јаглероди, посочува белгиското претседателство, нагласувајќи дека од суштинско значење за обезбедување на флексибилна и интегрирана европска енергетска мрежа е зголемување на инвестициите.

4. Зацврстување на социјалната и здравствената агенда  

Надоврзувајќи се на европскиот столб за социјални права, белгиското претседателство на ЕУ има за цел да и обезбеди на Унијата амбициозна социјална агенда за поттикнување на поинклузивно, родово еднакво и праведно европско општество.

– Претседателството ќе се обиде да го зајакне социјалниот дијалог на сите нивоа, да промовира правична мобилност на работната сила, ментално здравје на работа, како и пристап до одржлива социјална заштита. Тоа има за цел да ја зајакне социјалната димензија, со особено внимание на имплементацијата на Рамката за социјална конвергенција и потенцијалот на социјалните инвестиции, како и да промовира погодна рамка за развој на социјалната економија, посочува белгиското претседателство.

Белгија, исто така, најавува дека ќе се заложи за политички акции со цел да се обезбеди пристојно и достапно домување за сите.

– Понатаму, претседателството ќе ја поддржи евалуацијата на подготвеноста на ЕУ за кризи, ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето со лекови и ќе развие стратегија за зајакнување на здравствената и медицинската работна сила на ЕУ. За да се подобри пристапот на граѓаните до лекови по достапни цени, претседателството ќе работи на поголемо задоволување на медицинските потреби, наведува белгиското претседателство.

5. Заштита на граѓаните и границите  

Азил во некоја од земјите на ЕУ лани побарале 4.922 македонски граѓани, што е значително зголемување во однос на 2020 година кога нивниот број бил 1.230. Најголем број од нив се обиделе да на

Белгиското претседателство најавува и дека има за цел да го истурка усвојувањето на преостанатите законодавни регулативи поврзани со новиот европски пакт за миграција и азил.

– Пактот ќе ја зајакне довербата меѓу земјите членки во духот на одговорност и солидарност, ќе донесе правна јасност за луѓето кои пристигнуваат во ЕУ и ќе и обезбеди на Европската Унија хумано и ефективно менаџирање со миграцијата, во согласност со нашите вредности и меѓународното право. Исто така, тој ќе понуди заедничка и брза реакција на миграциските кризи и ќе ги поттикне легалните текови кон ЕУ, посочува Белгија.

Натаму, белгиското претседателство најавува дека ќе работи на зајакнување и на надворешната димензија на миграцијата и азилот, особено преку блиска соработка со африканските партнери, како дел од пошироките напори за поттикнување на развојот на взаемно корисно партнерство меѓу Европа и Африка, со целосно почитување на меѓународното право.

– Претседателството ќе посвети особено внимание на борбата против организираниот криминал, спречувањето и справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, како и зајакнувањето на отпорноста на ЕУ на кризи и на нови и хибридни предизвици. Заштитата на нашите граѓани бара дискусии за иднината на европската безбедност и одбрана, придвижувајќи се кон поинтегриран пристап. Фокус ќе биде ставен на зајакнување на европската одбранбена технолошка и индустриска база, вклучително и со истражување на можноста за развој на европска стратегија за одбранбена индустрија, наведува белгиското претседателство во своите приоритети.

6. Промоција на глобална Европа 

Според Белгија, мултилатералниот систем и меѓународниот поредок заснован на правила се соочуваат со зголемен притисок поради геополитичките конфронтации, вклучувајќи го и „враќањето на отворена војна на европскиот континент“.

Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од ЕУ ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Ели

– За да се прилагоди на оваа реалност, претседателството енергично ќе ги продолжи напорите на ЕУ за зајакнување на нејзината отпорност и автономија и за одбрана на своите интереси и вредности. Во овој нагласен пристап, претседателството, исто така, ќе потенцира дека отвореноста, дијалогот и соработката се во сржта на концепцијата на интересите на ЕУ. За да ги постигне своите надворешнополитички цели, ЕУ мора целосно да ги мобилизира сите свои економски, безбедносни и одбранбени капацитети, како и механизмот за развој и хуманитарна помош, смета белгиското претседателство.

Според Белгија, ваквата заложба вклучува изградба на амбициозна и балансирана трговска политика која е отворена, одржлива и наметлива, како и на засилен мултилатерален трговски систем заснован на правила.

Дополнително, согласно „Агендата 2030“, претседателството ќе промовира зајакнување на здравствениот систем, како основа за постигнување универзална здравствена заштита, истовремено обезбедувајќи еднаков пристап до иновативни, прилагодиливи, одржливи и висококвалитетни медицински услуги и производи за сите.

– Белгија го презема ротирачкото претседателство по 13-ти пат, во момент кога Европската Унија се наоѓа на крстопат, справувајќи се со последиците од руската илегална агресија во Украина, Ковид пандемијата, енергетската криза, дезинформациите, екстремните климатски појави и обновениот конфликт на Блискиот Исток. Белгиското претседателство ќе работи на подобра заштита на европските граѓани, зајакнување на нашата соработка и подготовка на нашата заедничка иднина. Ќе се фокусира на шесте приоритети и ќе посвети особено внимание на одржувањето на непоколебливата поддршка за Украина. Како што завршува тековниот институционален циклус, претседателството ќе поддржи непречена транзиција кон следниот циклус, ќе го поттикне усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 година и ќе ги подготви дискусиите за иднината на Европската Унија, посочува белгиското претседателство со ЕУ.

Сашко Панајотов

Фото: ЕУ/МИА Архива