Премиерот на Белгија, Александер Де Кро, денеска ги презентираше последните мерки поврзани за здравствената состојба, и најави воведување на пропусница за присуство на настани, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ковид Сејф Тикет треба да им овозможи на граѓаните на Белгија да присуствуваат на настани со повеќе од 1500 луѓе. Пропусницата ќе биде достапна од средината на август за сите лица комплетно вакцинирани најмалку две недели по последната доза, или лица со доказ за прележан Ковид-19, или негативен ПЦР тест. Брзите тестови не се прифаќаат бидејќи се сметаат за недоволно прецизни.

Премиерот предупреди дека од септември ќе треба да се остане многу внимателен со здравствената состојба, откако луѓето ќе се вратат од одмори, со оглед на тоа дека голем број жители на Белгија заминуваат на одмор во Шпанија, Грција, Португалија или Франција каде ситуацијата се влошува.